(ВИДЕО) СДСМ: Тодоров го загрозува здравјето на дијабетичарите

Од:

Инсулинска криза во Македонија има. Состојбата е алармантна. Власта и министерот Никола Тодоров го доведоа во ризик здравјето на 24.000 дијабетичари во Македонија. Го доведуваат во ризик здравјето на над 1000 деца, вели Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.

Нема повеќе залихи од инсулинот што досега го примале овие пациенти. Нема да има интервентен увоз за овој вид инсулин. Дали нема пари или целите се други, знаат Тодоров и Груевски.
На пациентите им се менува инсулинот со друг, заостанат во залихите во земјава.

Затоа министерот за здравство, правникот Никола Тодоров тврди дека инсулинска криза нема.
Тодоров се оглушува на апелите на дијабетолозите дека ова што го прави не е дозволиво.

На секој пациент му е препишан вид на инсулин што одговара на неговата состојба.
Кај децата во развој, постои опасност промената на инсулинот да предизвика дисбаланс во организмот.
Промените на крвниот шеќер кај возрасните може да доведат до фатални последици.

СДСМ бара одговор и од Тодоров и од Никола Груевски зошто дијабетичарите се доведени во ситуација не да добиваат соодветен инсулин?

Дека Никола Тодоров не е убеден во исправноста на ова што го прави, говори информацијата дека на лекарите усно наложил да прават замена на инсулинот на пациентите, со постоечките залихи.

Со тоа Тодоров сака да се заштити од одговорност и да им ја натовари одговорноста на лекарите.

СДСМ укажува дека за сите можни компликации од аматеризмот на власта околу инсулинската криза, ќе мора да понесат директна одговорност Никола Тодоров и Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски