СДСМ: Тодоров да ја најави својата оставка

Од:

„Миленичето на Груевски, Никола Тодоров попусто се растрчал пред избори по заборавените скопски поликлиники.

После хаосот што го направи во здравствениот систем Никола Тодоров нема ама баш никаков кредибилитет било што да најавува освен својата оставка.

Министерот, синоним за хаос, кој јавно призна дека не чуствува морална одговорност, безобразно продолжува да манипулира со граѓаните.

Граѓаните со години чекаат да профункционираат дел од поликлиниките во Скопје.

Дел од нив со години се нефункционални, без потребните апарати и соодветни услуги.

На пример, зошто Тодоров не се сликаше во поликлиниката во Бутел? Заради тоа што местото кадешто треба да се лекуваат луѓе ни одалеку не личи на поликлиника. Барака којашто се распаѓа. Нема ниту санитарни чворови, а не пак интернисти, ренген, лабораторија, вакцини.

Пациентите и понатака се лекуваат во ненормални услови а притоа се приморани да бараат здравствени услуги оддалечени километри од нивните домови.

Никола Тодоров не реши ниту еден од горливите проблеми со коишто се соочува здравствениот систем во Република Македонија. Напротив, Тодоров ги создава проблемите.

Министерот синоним за хаос е причина поради којашто 200 лекари годишно ја напуштаат земјава.

По 24-ти април следува чистење на валканите политики на Никола Груевски коишто го загрозија здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните