СДСМ: Тендерските постапки во министерството за здравство се јавни за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Единствени кои треперат и се плашат од носењето на Законот за Јавно Обвинителствот се ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски извршителот на Никола Груевски. Не постои никаква поврзаност помеѓу министерот Венко Филипче и наводниот објект за којшто  зборува ВМРО ДПМНЕ ниту пак со сопственикот на објектот и тоа е веќе јавно демантирано“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека во недостиг на конкретни идеи и програма, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструирани случаи и претпоставки со кои се обидува да ги дискредитира успешните политики во здравството. Министерството за здравство секоја набавка на медицинска опрема или материјал потребен за јавните здравствени установи низ целата држава ја реализира преку јавна и транспарентна тендерска постапка, кадешто се запазени сите правни и законски регулативи.

„Можноста за какво било влијание врз тендерската постапка од страна на министерот или кое било друго лице од Министерството за здравство е целосно е исклучена, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога тендерите се доделуваа во партија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да понудат ништо освен деструкција, лажни вести и неодговорно однесување и затоа на 12 април повторно ќе бидат казнети нивните погубни политики“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО