СДСМ: Темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли

Од:

Гледаме неуспешен обид на јавноста да и се прикаже уривање на СДСМ одвнатре. Токму во период кога е потребно единство во оваа голема борба за Македонија. Во време на силен притисок од режимот на ДПМНЕ и Мицкоски, преку собраниски резолуции со кои се забранува говорот и се гуши демократијата, преку обиди за замолчување, заплашување и политички прогон врз опозицијата, велат од СДСМ.

„Очигледно, темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли. Затоа не се бираат средства за да се замолчи СДСМ. Ова не е само Резолуција за мигрантите. Всушност, ова е голем проект за забрана на говорот и слободата на мислење зад кој се крие криминален интерес на власта и ништо повеќе. Ова е почеток на диктатура.

Сите соработници во овој проект ќе бидат запишани во историјата. Пораката на СДСМ е јасна и силна: нема да нè уплашите, нема да застанеме. Обидите ви се неуспешни. СДСМ нема да дозволи да биде уценета од било кој, ниту пак од нечии приватни проблеми.

Секој што не може да учествува, затоа што е уценет, не треба да биде дел од оваа голема борба. Започнавме силна борба против криминалот и корупцијата на ДПМНЕ, против шемите за крадење на пари од народот со тендери, застанавме во одбрана од предавството кое и го прават на Македонија и отворивме фронт за правдата, слободата и демократијата. Кој има желба нека се приклучи, кој не може или не сака нека се тргне. Ова е борба за Македонија и ние ќе ја продолжиме, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски