СДСМ: Темата избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита однесувањето

Од:

„Откако темата за парламентарни избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита своето однесување и да се откаже од натамошни блокади и опструкции. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.

Во време на глобална криза, насекаде низ светот опозицијата и власта заедно работат во интерес на граѓаните, само ВМРО-ДПМНЕ блокира, кочи и опструира.

Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.

Оваа порака граѓаните ја испратија директно на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.

ВМРО-ДПМНЕ да ја прими пораката и да почне да работи во интерес на граѓаните и на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски