СДСМ: Судската фарса на Груевски му обезбеди амнестија

Од:

Никола Груевски уште има потреба да ја дообјаснува судската фарса што му обезбеди амнестија. Разбирлив е немирот на Груевски. Тој знае дека нема на кого не му е јасно дека Основниот суд Скопје 2 мораше да суди и пресуди по негова нарачка. Во судскиот процес против претседателот на СДСМ не беше прифатен клучниот доказ, аудио снимката за продажбата на Македонска банка. Во судскиот процес не беше прифатен клучниот сведок, Ден Дончев, од кого е добиена снимката и кој лично го води разговорот со Груевски, се вели соопштението до медиумите кое го лиферуваше СДСМ.

Според нив, во судницата Груевски не одрече дека е негов гласот на аудио снимката, зошто знае Груевски дека сите знаат оти гласот е негов.

„Наместо да бара виновници каде што нема, Груевски нека погледне во себе, бидејки тој создаде судски систем под негова лична контрола. Со срамната пресуда фијаско не доживеа СДСМ туку Република Македонија“, велат од најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски