СДСМ: Субвенциониран оброк за 40.000 студенти, продолжуваме со вистинска грижа за унапредување на студентскиот стандард

Од:

„Субвенционираниот оброк е последната од бројните стимулативни мерки кои СДММ и СДСМ ги имплементираат за унапредување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост. По поднесена иницијатива на Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги прифати измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк“, соопштува СДСМ.

„На овој начин, 40.000 студенти на почетокот на секој месец на ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци на својата сметка.

Директно на трансакциските сметки на корисниците од страна на Министерството за образование и наука ќе се изврши исплата од околу 15 милиони евра.

Според измените, корисникот на субвенционираниот оброк има можност да го оствари своето право кај секој еден трговец.

Паралелно се одвиваат инвестиции кои носат унапредување на условите за живот во студентските домови.

Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Лани заврши целосната реконструкција на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Годинава стартуваше Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот „Стив Наумов“, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Сите овие мерки и политики се насочени кон подобрување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да реализираме квалитетни и реални младински политики што се во интерес на младите луѓе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов