СДСМ: Субрата Рој шемите беа „инвестициите“ на криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски ја уништуваше економијата и ги осиромашуваше граѓаните заради остварување на криминалните интереси на фамилијата.

Единтсвена „инвестиција“ на криминалната ВМРО-ДПМНЕ беше белиот дворец, за којшто се отворени и судски постапки.

Од познатите „инвестиции“ на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се „дил ориентед„ шемите, како и сомнителните зделки со Субрата Рој и сличните на него, кои лажно беа претставувани како инвеститори.

Времето на договорени провизии, времето на сомнителни зделки и времето кога криминалци беа претставувани како лажни инвеститори заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, Македонија и нејзините граѓани живеат ново време на напредок, развој и интеграција, време кое носи нови и реални инвестиции, повеќе пари кај граѓаните и фирмите.

Само во првото полугодие од 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра! Со Буџетот за 2019 како и со напредувањето во евроинтеграцискиот процес растот на инсвестициите дополнително ќе се интензивира.

Наместо да шири празни обвинувања, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се води економија и како се привлекуваат странски инвестиции без притоа да се трошат пари од граѓаните за скапи реклами, кампањи и роуд шоуа“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски