(ВИДЕО) СДСМ: Субрата ја навреди цела Македонија додека Груевски и министрите аплаудираа во првиот ред

Од:

Чекавме еден ден Премиерот Груевски и Владата да ѝ се извинат на јавноста во Република Македонија за контроверзиите на наводниот индиски милијардер Субрата Рој изречени во неговиот говор на „Балканскиот фестивал на мирот“, велат од СДСМ.

„Омилениот бизнис-партнер на Владата среде Скопје си дозволи да ја исмее и навреди Македонија, додека цела Влада од Груевски и Ставрески до Канчевска-Милевска аплаудираа во првиот ред во Новиот театар.

Прво, Индиецот констатираше дека спасот од сиромаштијата требалo да се побара во сексот. Дека многумина живеат во сиромаштија и дека верува оти ќе се приклонеле на сексот за да ја зголемат густината на населението?!

Потоа на Владата ѝ сугерираше преку закон да утврди идеална големина на едно семејство, а „родителите кои не ја следат идеалната семејна законска дефиниција, да ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, како и правото на глас“!

Најголемиот бисер беше признанието на Субрата Рој дека во неговата организација има „многу криминалци“, но оти ќе им оставел време сами да се променат.

За да изјави уште нешто многу типично за неговиот пријател Груевски: дека во неговата Индија „најголем непријател се новинарите“ кои главно зборувале за негативни настани.

СДСМ ги прашува Груевски и Владата:

Дали Владата соработува со организации во коишто работат криминалци?

Дали од изјава на таканаречениот милијардер од Индија дознавме дека власта на Груевски не само што го штити, туку и го промовира криминалот?!

Дали премиерот Груевски, идентично како Субрата Рој, новинарите ги доживува како „најголем непријател”?

Дали за Груевски и министерската елита на ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи срамните и исмејувачки совети на нивниот бизнис-партнер Субрата Рој за сексуалните афинитети на граѓаните на Република Македонија“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ