СДСМ Струмица: Тодоров и Груевски се двајцата гробари на македонското здравство

Од:

„За само десет дена еве го поранешниот премиер Никола Груевски повторно во Струмица. Велат дека злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот. Кога Никола Груевски е во прашање, тогаш навистина излегува дека е така.  Човекот кој повеќе од една деценија кон Струмица се однесуваше како да не е дел од Македонија, сега глуми голем душегрижник за нашиот град и општина Струмица. Можеби Груевски знае дека во Струмица се одржува филмскиот фестивал „Астерфест“ , па сака на мала врата да помине пред граѓаните со филмот во кој е влезен. Ама за среќа, граѓаните тој негов филм веќе не сакаат да го гледаат.

Верувале или не, најлошиот политичар во македонската историја, денес дојде во посета на струмичкиот медицински центар, за да се „слика“ пред камерите, како демек врши увид во работите на „новиот крак“ од болницата. Се поставува прашањето, дали во ВМРО ДПМНЕ вршат некава евиденција или статистика, колку пати за истата работа се слика Груевски, шетајќи се таму-ваму и трошејќи ги парите на гарѓаните. Во таа смисла, денешната посета на лидерот на ВМРО ДПМНЕ на струмичкиот Медицински центар, е и трагична и комична.

Не постои семејство кое во изминатите десет години не се „изгорело“ од состојбите во јавното здравство. Причината за таквите состојби има едно едно заедничко име и две презимиња. Заедничкото име  е Никола, а презимињата се Груевски и Тодоров. Тоа се двајцата гробари на македонското здравство. Тоа се двајцата главни виновници за невините жртви од нездравите состојби во нашето здравство.

Да имаше Никола Груевски малку доблест, ќе требаше денес пред новинарите да одговори на неколку клучни прашања поврзани со јавното здравство во Република Македонија, и тоа:

Прво: Зошто мораше да се случи Тамара и уште многу други мали уште многу други случаи со мали дечиња кои беа и сеуште се оставени без грижа од државата ? Зошто се трошеа и се уште се трошат народни пари за жални врби, лавови, кичерајска архитектура, галии, споменици, скапи огради и слични глупости, а ги нема парите од граѓаните за здравјето на граѓаните?

Второ: Зошто народот ја полни државната и здравствената каса, а е приморен од свој џеб да плаќа за лекови, реагенси, терапии, санитетски материјали, ортопедски помагала и слично ? Зошто тие нешта ги нема во болниците, а треба да ги има?

Трето: Зошто во 21. век, смртноста на доенчињата и родилките е на ниво на 19. век, и зошто Груевски мува не го лази за пијаните анестезиолози, правењето селфија по хируршките сали, за лебарките по болниците и за бројните злоупотреби со тендерите во здравството?

Едно е повеќе од сигурно, Никола Груевски е човек без срам и образ, криминалец без трошка морал, кој е едговорен за се она што се случува во здравството, но и но сите други полиња во Македонија. Но исто така е повеќе од јасно,  дека тој човек набргу ќе заврши на буништето на историјата откако претходно ќе одговара за сите сторени злодела, на штета на Македонија и на нејзините граѓани“, соопштуваат од СДСМ Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје