СДСМ Струмица: Пишев се демантираше самиот себе, не поминуваат лагите

Од:

На самопрогласениот струмички рапер Васил Пишев му нема спас. Влегувајќи од една во друга глупост со одржувањето на двете прес конференции, Пишев самиот себе си покажа среден прст. Ние нема да навлегуваме во неговото воспитание и ниво на култура, нешта кои се негов личен проблем  за кој очигледно нема решение, вели Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Но не можеме да останеме глуви и неми пред неговото безобѕирно и патолошко извртување на вистината за работењето на градоначалникот Зоран Заев.

Сосема е јасно дека и овој пат се практикува познатата разработена шема на ВМРО ДПМНЕ преку која се сака, стопати повторената лага да стане вистина.

Таа шема се готви во познатата кујна во Скопје наречена Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ каде што се фабрикува лагата што треба да се продаде на јавноста.

Потоа се наоѓа партиски извршител кој треба на прес конференција таа лага да ја пласира, по можност тоа да биде човек кој не знае да размислува со своја глава.

На крајот медиумските измеќари лојални на власта издвојуваат значаен временски дел од своите вести за бомбастично да го пренесат кажаното на прес конференцијата, а за реакцијата на засегнатата страна од пласираната лага одделуваат едвај неколку секунди.

На тој начин политичко-медиумското злосторничко братство мисли дека завршило голема работа во мамењето на граѓаните.

Но во ВМРО ДПМНЕ како да забораваат дека на власт не се од вчера, туку веќе единаесетта година по ред, па за нивна жал, граѓаните не паѓаат веќе на такви шеми и евтини политички игри.

Тие добро знаат дека си имаат работа со тешки измамници и криминалци кои од Македонија создадоа црна дупка на Балканот.

Во конкретниот случај со двете прес конференции, најголем губитник е Васил Пишев , кој стана предмет на критики и потсмев од целата македонска јавност.

Кутриот, дојде во состојба, мешајќи баби и жаби,  да  го демантира со својата втора прес конференција тоа што го кажа на првата.

Очгледно на Пишев не му се јасни работите дека превозот на лица со посебни потреби  и превозот на ученици се две сосема ралични работи.

Згора на тоа, Пишев се прави дека не е од тука. Па невешто прави споредба меѓу јавните набавки во Струмица и Битола, иако добро знае дека во Општина Струмица тоа се прави спред пропишаната законска регулатива, со  електронско јавно наддавање, а според наводите од обвинението, во Битола тоа се правело во четири очи.

По излегувањето на површина на валканиот веш на власта во заминување, сосема ја разбираме нервозата на Пишев. Неговиот лидер и на луѓето од врхушката на ВМРО ДПМНЕ, но за нивните постапки требало да мислат многу порано.

Сега е веќе доцна. Готови се.

Правдата се враќа, следува одговорност за целокупниот криминал.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Би можело да ве интересира

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Горан Наумовски

Филипче: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат вака влада

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Шукова: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

(ВИДЕО) Кузеска: Колку рекетирани пари има земено Мицкоски за 150 дивоградби?

Горан Наумовски