СДСМ: Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ да поднесе оставка, не е достоен за функцијата

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија ја излажа јавноста. Иако лажната вест на Стевананџија беше екпресно демантирана, тој не собра храброст да им се извини на граѓаните, вели СДСМ преку соопштение.

„Стевананџија треба да си подесе оставка затоа што ги лаже граѓаните и не е достоен за функцијата што ја извршува.

Освен за лаги и ширење лажни вести, Стевананџија е постојано шири и говор на омраза а остана и симбол за непотизам. За потесетување, пратеникот се уште молчи за неговата одговорност за вработувањата на неговата сопруга, сестра, вујко и тетка.

Пратениците треба да им служат на граѓаните а не да ги лажат. Пратениците треба да ги штитат граѓаните од говор на омраза а не да предизвикуваат говор на омраза. Стеванаџија не е достоен да биде на функцијата пратеник и треба да си поднесе оставка.“, е наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните