А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ставрески треба да одговори пред тутунарите

by А1он24/04/2014 - 15:1554
Share0

Ставревски-кумот на премиерот во заминување Груевски, вообичаено само пред избори доаѓа на гости во Прилеп и без срам, бара поддршка од намачените тутунопроизводители. Истите оние тутунари кои, Груевски ги излажа за просечната цена до 200 ден за килограм годинава, сега се уценувани со договори за производство на тутун да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

Наместо да ги потценува и да им ја купува душата со нивната мака, Ставревски треба да одговори пред тутунарите и пред прилепчани за системското уништување на тутунскиот комбинат.

Во 8 години партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, назначувани директно од Никола Груевски, направија пустош во Тутунски-Комбинат Прилеп и над 90 милиони евра загуби. За ова допрва некој ќе одговара!

Треба да оговори, каде се денес кинеските инвеститори кои требаше да вложат во тутунскиот-комбинат. Нема ниту трага, ниту глас од нив!

Слушаме и предизборни фалби дека во комбинатот сега ќе инвестирал тутунскиот гигант „Филип Морис“. Сите ние посакуваме тоа навистина да се случи. Но, граѓаните на Прилеп, како град на тутунот, ваквата манипулација нема да ви ја простат!

Идната Влада на Социјадемократскиот Сојуз на Македонија, даде збор и света обврска дека, ќе ја реши состојбата со загубарот Тутнски-Комбинат Прилеп. Производителите на тутун ќе бидат на врвот на нашите приоритети:

Субвенциите за тутун ќе се зголемуваат, ќе има „зелена нафта“ за секој тутунар, тутунот ќе се откупува по три класи и по повисока цена за класа, белите картони ќе се укинат, а секогаш ќе водиме сметка за тутунарите на кои, единствена егзистенција им е тутунот, да имаат предност во склучувањето договори.
Заради сето ова, гласајте за ПРОМЕНИ и за враќање на достоинството на тутунарите, се вели во соопштението.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:43

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Горан Наумовски13/02/2026 - 09:45

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:33

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он10/02/2026 - 19:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен