СДСМ: Старите инкриминирани кадри и тимови Мицкоски да си ги чува за себе

Од:

„Добро е позната и проверена лажната помош на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите повеќе од две години криза предизвикана од светската пандемија. Голем дел од неговите кадри и понудени тимови би требало одамна да се надвор од политиката бидејќи се длабоко инкриминирани и докажано работеле против интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

„Во време на најголемите тешкотии предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид 19, партијата на Мицковски беше активна ама само во критиките на здравствениот систем и на задравствените работници и во непочитување на мерките.

Тогаш Мицкоски го понуди Вело Марковски кој ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски, дека брзо се ќе заврши, дека „некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен“.

Сега Мицкоски повторно нуди старо-нови ликови и инкриминрани кадри.

Од имињата на тие „врвни„ експерти што ги нуди Мицковски, е Трајко Славевски директен противник на концептот на покачување на платите и десна на рака на неспособната Данела Арсовска во Град Скопје. Судејќи по тоа како работи градоначалничката, очигледно е дека на Трајковски му треба нова работа.

Мицкоски се дрзува да го понуди и Зоран Ставревски кого го слушавме во разговорите со Гордана Јанкуловска за криминалите на владата на Груевски на која и остана верен до крајот . Тоа е оној што велеше „Ние сме лудаци. Трошиме за чоколадо, а немаме ниту за леб“.

Ваквите економски стратегии нека ги чува Мицкоски за себе.

СДСМ е одговорна партија и во услови кога имаме економска криза, последно нешто на граѓаните што им требаат се неизвесност, неодговорност и вакви политиканти и „самопрогласени експерти“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО