• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Стапката на криминал се намалува, а зголемен е и бројот на расчистени кривични дела

by А1он18/02/2018 - 16:26105
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„ВМРО-ДПМНЕ поворно лаже, стапката на криминал се намалува, додека истовремено значително е зголемен процентот на откриени односно расчистени кривични дела.

Доколку се споредат статистиките од времето кога МВР беше МВРО-ВМРО и сега, по промените и ослободувањето на оваа значајна институција, ќе се види дека целосна лага е дека има зголемување на криминалот.

Разликата е и во тоа што порано се криеја убиства, разбојништва и кражби, а сега надлежните институции, меѓу коишто и МВР транспарентно ги информираат граѓаните за било каков вид на криминал, но и за расчистување на делата.

Вистинската борба против криминалот ги дава првичните резултати.

Тоа што дел од разбојниците и по одлежаните затворски казни се враќаат да ги повторуваат делата е резултат на фактот што со години од ВМРО-ДПМНЕ не беше преземено ништо за реформа на казнено поправните установи и за ресоцијализација на осудените лица.

Освен засилената борба против криминалот, опремувањето на полицијата и подобрување на условите за работа на полициските службеници неопходна е и реформа на казнено поправните установи. За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога институциите се обидуваа да сокриваат убиства, денес, Министерството за внатрешни работи, како и останатите институции работат професионално, транспарентно, одговорно и во интерес на безбедноста на граѓаните и државата“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он23/01/2026 - 14:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:1223/01/2026 - 12:13

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски23/01/2026 - 11:3723/01/2026 - 12:00

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:0620/01/2026 - 09:07

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4519/01/2026 - 13:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен