СДСМ: Срамно е соопштението на МВР

Од:

Срамно е соопштението на МВР, во услови кога статистиката покажува дека само за една година, во 2013 година, во скопската општина Ѓорче Петров се случиле дури 774 кривични дела – тешки кражби

Тоа значи дека граѓаните на Ѓорче Петров биле мета на, во просек, по 2 тешки кражби на ден, се вели во писмената реакција на СДСМ, на реакцијата на МВР, на изјавата на координаторката на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на општина Ѓорче Петров, Снежана Ангеловска – Трајковска.

Гордана Јанкулоска и нерегуларно назначениот В.Д. командир на полициската станица во Ѓорче Петров и градоначалникот Сокол Митревски треба да го објаснат толерирањето на овој феномен, во една градска општина каква што е скопската општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски