СДСМ: Срамен молк на Мицкоски, учествувал во Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија, а сега се крие

Од:

„Молчи Мицкоски, молчи Белиот дворец, откако ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП) ги поддржа ставовоите на Бугарија. Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) со Резолуцијата го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено тврди дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија“, соопшти СДСМ.

„Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија. Христијан Мицкоски се крие, наместо да излезе пред граѓаните и да одговори зошто го прави ова?

Да одговори дали и самиот гласаше за оваа Резолуција, со која се поткопува позицијата на државата во однос на Бугарија.

Залудно Мицкоски се крие и молчи, граѓаните се уверија дека уште еднаш на виделина излезе неговиот лажен патриотизам, лицемерието и антидржавното делување“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО