ВИДЕО: СДСМ спроти белата палата со факли слави победа

Од:

Од зградата на општинската органиција на СДСМ Центар која се наоѓа спроти белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, започна славеничка атмосфера. Од прозорците на организацијата членови на партијата со факли слават и извикуваат „Центар не е Пустец“, „Победа, победа“, „Шутка не ти бега Никола“…

Од терсата на белиот дворец почна да ечи партиската химна.

На неколкуминутното скандирање, возвратија неколкумина членови на ВМРО-ДПМНЕ кои беа пред партиското седиште, кои порачаа дека Груевски е во Будимпешта. Некои од нив извикуваа националистички пароли.

Пред седиштето на партијата можат да се забележат само новинарски екипи, а е доста раздвижено во општинската организација на СДСМ Центар каде постојано влегуваат и излегуваат партиски членови и симпатизери.

Партиски извори на ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат приближно 360 илјади гласови за нивната кандидатка за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија