СДСМ: Спречено е засега „лудилото“ на „лудаците“, што би рекол кумот Ставрески

Од:

10 години власта на Никола Груевски “лудачки“ според речникот на екс министерот за финансии, Зоран Ставрески, врши финансиски терор и финансиски злостор врз граѓаните и Република Македонија.

Спречено е засега “лудилото“ на “лудаците“, што би рекол кумот Ставрески, кој самиот призна дека трошеле за чоколадо додека немало за леб.

Груевски и соработниците, Пешевски, новиот министер за финансии Миноски ги лажат граѓаните.

Пари во Буџетот за плати и пензии има!

Задолжувањето од 650 милиони евра преку еврообврзница им е потребно за тендери за фамилијата преку непродуктивни трошења, корупција и криминал.

Нема да дозволиме власта на Никола Груевски во заминување, да и приреди на Македонија економски крах и да злоупотреби пари од нови задолжувања за изборна корупција, на грбот на сегашните и идните генерации,велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски