СДСМ: Состојбата во која е Македонија е и повеќе од загрижувачка!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, доцна попладнето остварија средба со поранешните и актуелните градоначалници од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, од осамостојувањето на државата до денес.

На средбата со жалење беше констатирано дека состојбата во која што се наоѓа Македонија е повеќе од загрижувачка.

„Уништена е економијата, нема слобода, нема демократија, нема владеење на правото. Младите генерации излезот го гледаат во пасоши од соседните земји, коишто беа далеку поназад од Македонија, а сега веќе се далеку пред нашата земја во евро – атлантските интеграциски процеси. Сите градоначалници од редовите на СДСМ, на вечерашната средба дадоа поддршка на одлуката на СДСМ и коалициските партнери за непризнавањето на изборниот процес, неприфаќањето на пратеничките мандати и за истрајност во барањето за создавање услови за формирање техничка влада, што ќе биде гаранција за слободни, фер и демократски избори“ – велат од СДСМ.

Претседателот Заев истакна дека целта на СДСМ е искрена, исконска и праведна, државата да се врати на вистинскиот пат. Тој додаде дека тие се луѓе коишто значат многу во средините кадешто биле или се градоначалници и дека нивните размислувања и сугестии ќе бидат сериозно земени предвид во Стратегијата
за вонинституционално дејствување на опозицијата и наредните чекори кон нормализирање на државата.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он