СДСМ: Состојба со фантомските гласачи е премногу сериозна за да се брани со политички памфлети

Од:

Фактичката состојба со фантомските гласачи во Избирачкиот список е премногу сериозна и алармантна за да се брани со политички памфлети, наведува СДСМ во писмената реакција на денешната партиска прес-конференција на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ја повикуваат министерката за внатрешни работи како одговорна за Избирачкиот список да излезе и јавно да соопшти, како што наведуваат, од каде осамнаа толку голем број нови гласачи од Мала Преспа – Албанија.

Димовски денеска го обвини СДСМ за груба манипулација со селективните информации за избирачкиот список и посочи дека се обидува на секаков возможен начин да си создаде алиби за неприфаќање за реалната недоверба на граѓаните кон нив.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски