А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Сомнителен молк на Мицкоски за Груевски на црната листа на САД, има ли поврзаност со фирмата?

by А1он14/04/2022 - 08:47236
Share0

„Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Нашите граѓани многу добро ги знаат причините поради оваа постапка, тоа е вмешаноста на Никола Груевски во криминал и корупција од невидени размери“, соопшти СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

Сето ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители. Се противеа на Законот за јавно обвинителство, го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

Оттука е и сомнителниот молк на Мицкоски. Тој ниеднаш не се извини за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, ниту пак побара одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Целата јавност знае дека Христијан Мицкоски бил советник на Груевски, а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ во време кога се правени сите овие криминали.

Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори која е поврзаноста со унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто молчи со години? Дали стравува дека и тој може да се најде на црната листа?“, соопштува СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео