СДСМ: Сокриен надвор од државата Груевски и задава уште еден удар на Македонија  

Од:

„Со евентуалното издавање на еврообврзница од лудачки 650 милиони евра, Груевски само во рок од 8 месеци ќе ги задолжи граѓаните, само на странскиот пазар, за 920 милиони евра. 
 
Доколку оваа Еврообврзница се издаде јавниот долг во еден ден ќе скокне на вртоглави 54% од БДП!
 
Тоа е финансиско, економско злосторство врз граѓаните и идните генерации, надвор од паметот и разумот.
 
Министерот Миновски очигледно решил да биде камиказа кој е подготвен да ја разнесе економијата и стандардот на граѓаните по наредба на својот господар Груевски. 
 
Криминалната власт во заминување, којашто чека соочување со одговорноста, очигледно прави последни напори да се осигура дека до нејзиниот скорешен крај никој нема да и смета во полнењето на приватните џебови.
 
Можноста да се користат евтини кредити од ММФ или да го извлече максимумот од неповратните средства преку ИПА програмите што е во корист на граѓаните на Република Македонија е загубена.
 
Екстремно високата цена допрва ќе треба да ја плаќаат сите граѓани на Република Македонија.
 
Факт е дека само 6 дена откако Ставревски го напуштил бродот што тоне, Груевски ја внел целата Влада, а пред се Миновски, во криминална одлука.
 
Одлуката за Еврообврзница е криминална во мометот на изгласување бидејќи ребалансот со кој се планира зголемување на сумата на странски задолжувања не беше ни предложен до Собранието.
 
Одлуката ќе биде незаконска и по изгласувањето на ребалансот на буџетот бидејќи сумата од 650 милиони евра ја надминува ставката за странски задолжувања и со предлогот на ребалансот.
 
На новиот министер Миноски, сите членови на владата и потенцијалните кредитори ги предупредуваме дека на сила се промените во Законот за Влада (Сл. Весник број 196/15) направени согласно Договорот од Пржино.
 
Ова значи дека оваа Еврообврзница, која Владата од петни жили се обидува да ја протурка пред да замине од власт, мора да ја има истата процедура за издавање како и претходната Еврообврзница од минатата година.
 
Во спротивно таа ќе биде незаконска и неможе да се третира како јавен долг на Р. Македонија. За секое непочитување на јасно поставените и во сила законски одредби, инволвираните сигурно ќе одговараат“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот