СДСМ: Социјална правда и родова еднаквост се наши одлики

Од:

За СДСМ социјалната правда и родовата еднаквост се врвни приоритети во политичкото и институционално дејствување. Тоа, го покажуваме на дело, преку бројните мерки и политики реализирани во иминатите пет и пол години кои имаат за цел унапредување на животот на сите граѓани. Минималната плата ја зголемивме два и пол пати. Изградивме близу 80 градинки,се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„За жените земјоделки прв пат во историјата на нашата држава обезбедивме надоместок за мајчинство , односно породилно отсуство. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените што е основен предуслов за силни и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството. Ја зголемивме социјалната помош за 300 посто.

Воведовме детски и образовен додаток за 70 илјади деца. Воведовме социјална сигурност за повеќе од 10 илјади стари лица преку социјална пензија. Обезбедивме лични и образовни асистенти за над 1000 деца со попреченост. Обезбедивме помош и нега во домот за над 700 стари лица во нивните домови. Ја зголемивме пензијата за над 15% за само една календарска година. Ги донесовме измените на Кривичниот закон со кои воведовме нови кривични дела, демнеење и родово базирано насилство и ги заостривме казнените политики за кривични дела-насилство врз жените.

Со тоа се усогласивме со одредбите од Истанбулската Конвенција. Го подготвивме новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе биде воспоставен Секретаријат за родова еднаквост. Преку одговорен и инклузивен пристап продолжуваме со реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски и МВР да поднесат кривична пријава за Бојан Христовски по примерот од Велес

Горан Наумовски

СДСМ: За Мицкоски договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина

СДСМ: ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ

ВМРО-ДПМНЕ: Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ

СДСМ: Користење на фалсификуван документ е криминал, Христовски итно да се повлече од директор на АНБ

Предраг Петровиќ