СДСМ: Со Зоран Заев Македонија повторно ќе биде успешна

Од:

„Не само што се сложуваме дека по изборите на 24-ти април Македонија ќе ја добие препораката за членство во Европската унија туку се обврзуваме дека ќе ги вратиме европските вредности во Македонија.

Македонија тргна по незапирлив пат кон демократски промени за европска Македонија. Никола Груевски со неговите погрешни политики им одзема 10 години од животот на граѓаните.

Додека Никола Груевски ја водеше најкорумпираната влада во историјата на Македонија Зоран Заев ја водеше најуспешната општина во земјава.

По 24-ти април, Зоран Заев од премиерската позиција ќе ја води Република Македонија напред. Со Зоран Заев Македонија повторно ќе биде успешна држава.

Слободните, фер и демократски избори на 24-ти април ќе донесат економски раст, слобода на медиумите, враќање на правдата и достоинството на граѓаните.

Македонија ќе добие одговорна, транспаретна и отчетна влада предводена од СДСМ којашто ќе работи за интересот на сите граѓани на Република Македонија.

Затоа што тоа се вредностите коишто ги делат граѓаните на наша Македонија. Затоа што тоа се европски вредности.

Граѓаните знаат, на 24-ти април победува европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ