СДСМ: Со тажна и лажна исповед Груевски ги потценува граѓаните

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во соопштение наведува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со тажна и лажна исповед продолжува да ги потценува граѓаните и да работи спротивно на нивните интереси наместо, како што вели, да се соочи со одговорноста за се она што им го направи на граѓаните и државата во изминатите години.

– Ниту едно оправдување, ниту едно глумење жртва и затскривање под превезот на наводен патриотизам не може да го сокрие криминалното и расипничко владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак може да ја избрише колективната меморија на граѓаните. Преку проектот „Вистината за Македонија“ целата јавност слушна како се набавуваше мерцедесот од 600.000 евра, кој и како нарачуваше рушење на „Космос“, кој и како договараше провизии за автопатите и кој нарачуваше „два-три шамари јаки пред камери“, пишува во соопштението на СДСМ.

Според партијата, граѓаните сведочат за штетите од децениското криминално владеење, а доказ за тоа се, пишува во соопштението – „катастрофалните грешки во автопатите, скапите и луксузни вечери платени со народни пари, украдените милиони од граѓаните, креирањето атмосфера на насилство и поделби и екстремното богатење на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, на сметка на осиромашените граѓани“.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана