СДСМ: Со Сашко Николов Штип останува во сигурни раце

Од:

„Доктор Сашко Николов е дел од чесната понуда на СДСМ за предвремените локални избори за градоначалник на Општина Штип.

Со програмата на Николов и СДСМ, продолжуваме да го градиме Штип за денес и утре. Ги реконструираме главните сообраќајници во градот, продолжуваме со изградбата на браната на реката Отиња, го гасифицираме Штип, инвестираме во спортот и младите, одговорно се грижиме за животната средина, го чуваме културното наследство и негуваме вековните традиции“, велат од СДСМ.

„Продолжуваме со интензивна борба со коронавирусот и заштитата на јавното здравје и целосно подобрување на условите за живот во Штип. Со Д-р Сашко Николов продолжува реализацијата на проектите важни за граѓаните.

Штип одбира да продолжи да чекори напред, да се развива и модернизира. На 13 декември граѓаните на фер, слободни и демократски избори, на озбори безбедни за здравјето ќе застанат зад Николов, за прогресот на Штип да продолжи.

Штип останува во сигурни раце!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија