СДСМ: Со Никола Груевски нема напред! Македонија со најниска минимална плата во регионот!

Од:

„Никола Груевски ги понижи работниците со минимална плата најниска во земјите од регионот. Според Еуростат Македонија се наоѓа зад Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со само 160 евра минимална плата.

Никола Груевски се плаши од граѓаните затоа што не ги исполни нивните очекувања и ги понижи со мизерно ниски плати, па сега предизборно ветува зголемување на минималната плата.

И повторно ветува помалку од 16-те илјади денари кои ги нуди нашиот План за живот до крајот на мандатот и повторно ги дискриминира работниците од текститилната и кожарската индустрија за кои ветува помалку пари.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат повеќе што да им понудат на граѓаните на Р.Македонија. Имаа 10 години да го подобрат животот на граѓаните и ништо не направија. Единствено што им останува е да го копираат Планот за живот и очајно да се обидуваат да им се приближат на граѓаните.

Граѓаните знаат и одлучни се дека за вистински промени потребна е нова одговорна влада! На 11 декември заедно да избереме Живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот