СДСМ: Со незаконските вработувања Тодоров создава хаос во секој сегмент од здравството

Од:

„Уште еднаш се потврди дека Никола Тодоров постојано ја лаже јавноста, манипулира со невистини и си поигрува со здравјето на граѓаните.

Тодоров пред неколку дена изјави дека воопшто не постои студентка вработена како докторка во Итната медицинска помош.

Според информациите објавени во медиумите докторката не била дипломирана, немала положен државен испит и немала лиценца за работа а сепак вршела прегледи и давала соодветни терапии.

Последните информации се дека незаконски вработената докторка е отпуштена од работа во Итната медицинска помош.

Неодговорноста, нестручноста, партизацијата на кадрите создаде дополнителн хаос после којшто најголеми жртви се граѓаните, лекарите, здравството па дури и партиските кадри вработени на незаконски начин.

Квалитетен лекарски кадар, со лиценца, стручност и желба за работа масовно заминуваа од земјава поради нефункционалниот здравствен систем, партизацијата и деградацијата на лекарите по секој основа.

Кој ќе сноси одговорност за незаконското вработување во здравството покрај Тодоров?

Дали е ова единствен или има и други партиски доктори што лекуваат без диплома?

Никола Тодоров требаше одамна да поднесе оставка и да замине од позицијата.

Едно треба да му биде јасно на секој. Одговорност ќе има!

Ќе ја плати Тодоров цената за криминалните политики на штета на лекарите, здравјето и животот на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО