СДСМ: Со навреди и обиди за физичко насилство пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја блокираат Комисијата за образование

Од:

„Режимската и насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ денеска ескалираа на седницата на собраниската Комисија за образование наука и спорт.

Со навреди, закани и обиди за физички напади, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја болкираат седницата на Комисијата, да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието“, велат СДСМ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до толку се против тоа над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, што се подготвени и со насилство да го блокираат носењето на овие закони.

Партијата која деновиве краде концепти и слогани, најавува нови политики, денеска по којзнае кој пат го покажа своето вистинско, режимско и насилничко лице.

Се лажат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека со навреди, клевети, закани и насилство ќе успеат да ги спречат реформите во интерес на граѓаните. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на нереформираното антидржавно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт