СДСМ: Со месеци вработените во Лајка немаат земено плата поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

Од:

„Во изминатите месеци се повеќе на виделина излегува неодговорноста и лошото управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија. Додека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, под знак прашање е доведено функционирањето на ЈП Лајка“, соопшти СДСМ.

„Вработените во Лајка со месеци немаат земено палата, нема набавки на храна и медицински материјал.

ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во време на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.

Поради недомаќинско работење и лошо менаџирање од Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.

Наместо парите од буџетот на градот, Арсовска да ги користи за партиски вработувањa, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?