СДСМ: Со мерката за училиштата Владата обезбеди непречен образовен процес во зима

Од:

„Владата предводена од СДСМ, во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна обезбеди непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта во државата. Со последните одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси, сите основни и средни училишта се вклучено во регулираниот пазар на електрична енергија“, соопшти СДСМ.

„Со ова се обезбедува непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, иако тоа беше обврска на општините.

Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја. На регулираниот пазар, покрај училиштата се вклучуват и здравствените институции, заедно со сите домаќинства и над 70.000 компании мали потрошувачи.

Владата продолжува со субвенционирање на 80% од електричната енергија за домаќинствата.

СДСМ со ефикасни, навремени мерки им помага на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците за надминување на последиците од глобалната енергетска криза“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски