СДСМ: Со изјавите Мицкоски креира политичка агенда на штрајкот на СОНК

Од:

„Срамно е однесувањето на Христијан Мицкоски и со неговите изјави креира политичка агенда на штрајкот на СОНК. Одбивањето на предлогот за зголемување на платите за 10 отсто или просечно за 2.500 денари во време на најголема светска економска криза е уценувачки потег на раководството на СОНК“, реагира СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

„Затоа што наставниците многу добро знаат дека за период од пет години во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување од четири отсто или само 750 денари плус за период од пет години.

За разлика од тоа, во овие четири и пол години СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 21 отсто или од 3.200 до 6.400 денари.

Затоа Мицкоски и неговата партија се последните кои можат да зборуваат за платите во образованието и детската заштита“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски