СДСМ: Со Груевски нема НАПРЕД! Македонија на дното во Европа по животен стандард!

Од:

Македонија го допре дното по животен стандард во Европа и светот. Земјата се најде на 112 место од вкупно 123 земји во светот опфатени во анализа на Нумбео.

Мизерно ниските плати најниски во Европа и светот и постојаното зголемување на животните трошоци доведе до тоа една четвртина од населението да живее во сиромаштија. Затоа Македонија се најде и на 5 место по мизерија според институтот Като!

На 11 декември граѓаните на Р.Македонија се исправени пред предизвикот да го запрат ова децениско осиромашување на граѓаните и да изберат достоинствен живот за себе и своите семејства.

Создадовме План за живот со кој ќе развиваме економија од која корист ќе имаат сите граѓани на Р.Македонија, а не само неколкумина од врвот на власта. Ќе ги поддржиме финанински претпријатијата со 140 милиони евра за да се развиваат и да отвораат добро платени работни места.

Ќе работиме посветено на зголемување на платите. Наша цел е просечната плата да ја зголемиме до 30.000 денари до крајот на мандатот.

Во секое семејство со двајца вработени месечно да има најмалку приход од 60.000 денари.

За подобар животен стандард граѓаните имаат избор За живот во Македонија!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он