СДСМ со граѓаните во кумановско

Од:

Партискиот врв на СДСМ викендов ќе го помине во кумановско. Партиските потпретседатели, потпретседателот на Собранието и Радмила Шеќеринска ќе разговараат со граѓаните, за да ги чујат нивните маки и секојдневие, за да можат, како што велат, заеднички да ја напишат програмата.

На митингот во недела ќе биде претставен и кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ.

Како што веќе одамна објави А1, Зоран Дамјановски – Циц, по трет пат ќе ја побара довербата на кумановци.

Од партијата велат, Дамјановски, за двата мандати има оставено дела и затоа, Кумановиц и овој пат ќе застанат зад него.

Наредниот викенд СДСМ се сели во прилепско, каде што ќе го промовира Хари Локвенец, како кандидат за градоначалник на Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби