СДСМ: Со денови молк за изборите, Мицкоски зашеметен од изборниот пораз

Од:

Со денови молк од Христијан Мицкоски за резултатот од вонредните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл. Зашеметен од шамарот што го доби од граѓаните, драстичниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ и изборниот пораз на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски, се вели во реакцијата од СДСМ.

-Ниту збор од Мицкоски за тоа што со разлика од 1.300 гласа беше поразен нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата. Ниту збор од Мицкоски за тоа што не успеа да ги блокира изборите во Центар Жупа и победи кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Двојната победа на СДСМ и коалицијата во Центар Жупа и Маврово Ростуше и значителниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ во Тетово покажаа дека граѓаните не сакаат деструкции и блокади, туку напредок, развој, европска држава и европски вредности. Затоа е молкот на Мицкоски – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари