СДСМ: Со денови го нема Мицкоски па го храбрат со нарачани анкети, видовме како промашуваат пред секои избори

Од:

Бидејќи Мицкоски го нема никаде со денови ДПМНЕ очигледно го храбрат со нарачани анкети. Нема што да каже Мицкоски за пакетот антиктизни мерки со кој 662 милиони евра СДСМ враќа кај граѓаните. Или бега од одговори во јавноста за неговите средби со Палевски? Како и да е, јасно е, сите нарачани анкети на ДПМНЕ досега пропаднаа, се вели во соопштението од СДСМ.

– Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз.
На анкета на истата оваа агенција, објавена пред неколку месеци имаше објавени различни броеви за кои потоа се тврдеше дека се „техничка грешка“. Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати. Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека ДПМНЕ и Левица се единствена пречка за продолжување на европскиот пат. Затоа на изборите ќе пропадне и оваа нарачана анкета на ДПМНЕ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите