СДСМ: Со блокадите на Собранието и европскиот пат Мицкоски се стави на погрешната страна на историјата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, со блокирање на евроинтеграциите и на носењето важни законски решенија за граѓаните во Собранието повторно се стави на погрешната страна на историјата. Владата предводена од СДСМ ги започна преговорите за членство во ЕУ, за реализација на стратешкиот интерес за полноправно членство во ЕУ како Македонци, кои говорат македонски јазик, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции и блокади на евроинтеграциите, на штета на државата и на граѓаните, велат од СДСМ.

„Истовремено над 50 закони со месеци се закочени во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е неодговорно во време на криза. Голем дел од овие законски измени се за граѓаните, стопанството и енергетскиот сектор полесно да ја поминат кризата.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокираше законски решенија и за време на пандемијата со коронавирусот, блокираше и кога немаше криза. Мицкоски лицемерно продава лажна загриженост за граѓаните, само декларативно се залага за членство во ЕУ, а истовремено блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата. Мицкоски се стави на погрешната странa на историјата, но не може да ја закочи европската иднина“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он