СДСМ: Со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ Скопје стана заробен град кој тоне во безидејност

Од:

„Една година беше доволна ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка од Скопје да направат заробен град со нефункционална градска администрација и неефиктивен Совет. Советот и градоначалничката немаат никаква комуникација, седниците се претворени во театар, а Арсовска воопшто не одговара на прашања на советниците“, соопшти СДСМ.

„Истовремено, поради лични и бизнис интереси на поединци, градските јавни претрпијатија се пред колапс а тоа е најизразено во ЈСП и ЈП „Водовод и канализација“.

Наместо работа, реализација на проекти и решенија, граѓаните цела година гледаат безидејност, партизација и кавги за тендери и провизии меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме десетици започнати и наследени проекти стојат недовршени, како што се мостот на Љубљанска за кој се обебзедени средства од ТАВ програмата, реконструкцијата на Универзална сала за чија реализација 80 милиони денари обезбедени од Владата стојат нечепнати.

Градската власт предводена од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт што го водела Град Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски