СДСМ: Со 2016 крај за Груевски, од 2017 промени и живот за граѓаните!

Од:

„Во Новата 2017 година граѓаните на Република Македонија ќе продолжат по насоката што ја избраа, промени и живот.

На државата и се неопходни реформи што ќе изградат институции на граѓаните, ќе го подигнат животниот стандард на граѓаните и семејствтата и ќе обезбедат перспективи на Македонија во светот.

Тоа ќе го направи нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Новата одговорна Влада ќе се грижи за сите граѓани на Македонија, бидејки тие во оргомно мнозинство застанаа зад концептот на заедништво. Исто така ќе ги обезбеди традиционалните пријателства на Македонија со државите од меѓународната заедница и ќе продолжи да ги развива според интересите на граѓаните и на државата.

Поука дојде време да извлечат несовесните политичари како Никола Груевски чиешто време заврши.
Со 2016 година завршува времето на поделби, на криминалци, на конфликт, на несигурност.

2017 година носи промени, стабилност и живот за сите, во слободна и единствена Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ