СДСМ: Смртноста на новороденчињата расте и на почетокот на 2016 година

Од:

„Според последните објавени податоци, во првите три месеци од оваа 2016 година, смртноста на новороденчињата во Македонија е во пораст.

Во првите три месеци од годинава во земјава починало 61 новороденче, што е запрепастувачки податок за Македонија.

За жал продолжува црната статистика. Според последните студии смртноста на новороденчиња во Република Македонија покажува дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ! Во Македонија умираат повеќе од 14 бебиња на 1.000 новородени.

Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, умираат над 30 бебиња на 1.000 живородени, што е катастрофа.

Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ доведоа до тоа во 21 век во Македонија да умираат бебиња.

Криминалните политики на Никола Груевски и Никола Тодоров се штетни по здравјето на граѓаните на Р. Македонија и затоа ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски