СДСМ: Случајот со силуваното девојче е последица на систематското уривање на институциите во изминативе 11 години

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ спадна толку ниско што освен лажните вести сега се обидува да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели.

Како што јавноста веќе е информирана, надлежните институции преземаат мерки и целосно го расчистуваат овој случај, се спроведува и рехабилитација, заштита и психо-социјална поддршка на малолетната жртва, како и мерки за превенција за во иднина да не се појавуваат вакви или слични случаи.

Случајот со малолетното девојче е директна последица на систематското уривање на институциите што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години, особено во делот на социјалната заштита.

За жал, овој случај само ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и исправноста на започнатите реформи во сите сегменти. Наспроти 11 годишното уривање на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно работи на градење на функционални институции што ќе работат ефикасно и професионално и коишто ќе ги заштитуваат и унапредуваат правата на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски