СДСМ: Случајот со малолетната жртва целосно се расчистува и се преземаат мерки за превенција

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ не престанува да злоупотребува лични и човечки трагедии, иако целата јавност сведочи дека случајот со малолетната жртва целосно се расчистува и се преземаат мерки за превенција, за никогаш повеќе да не се повторат вакви случаи.

Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да профитира на човечки судбини, а потоа да повикува на одговорност, кога одговорноста беше и останува непозната категорија за опозициската партија.

За жал, овој случај ги покажува недостатоците на системот на социјална заштита што со години беше уништуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ и потребите од промени во општеството. Затоа, како што најави, Министерството за труд и социјална политика заедно со надлежните институции, започнува сериозно да работи на трансформација на домовите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови, со што ќе се обезбеди подобра заштита и значително ќе се намали ризикот за повторна појава на ваков или сличен случај“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски