СДСМ: Случајот „Криминални парцели“ со кривични пријави, вмешани соработници на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Криминалиот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог. Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.

Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец.

Надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал а одговорните да бидат соодветно санкционирани.

Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски