СДСМ: Следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа, судиите што застаруваат предмети ќе бидат разрешени

Од:

„Приоритет на Владата предводена од СДСМ е целта која ја зацрта заедно со граѓаните – градење на силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, држава која гарантира независен правосуден систем.

Ред, правда и дисциплина мора да има во Република Северна Македонија. Сега следува процес на целосно и темелно прочистување на правосудството“, велат од СДСМ.

„Судиите кои намерно застаруваат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани, предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам.

Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, отчетност и транспарентност на службите,се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и судската власт.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво. Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ и во следниот период остануваат посветени на реформите кои обезбедуваат силна, независна и ефикасна правна држава и правда за сите“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана