СДСМ: Славески прифаќа дел од мерките, потребна е седница на Советот за загадениот воздух во Скопје

Од:

Советничката група на СДСМ, со поддршка од советниците од ДОМ и ЛДП, поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето во главниот град. Покрај иницијативата, СДСМ предлага и седум мерки кои ќе доведат до намалување на загадувањето, соопштија од владејачката.

„Дел од тие мерки се прифатливи и за претседателот на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски, па оттаму очекувано е тој да ја закаже седницата за која е поднесена иницијативата. Во време кога Скопје е на врвот на најзагадени градови во светот, нема простор за политика, потребна е седница на Советот на која ќе се носат мерки и решенија.

Здравјето на граѓаните е најважно, затоа Советот на Град Скопје и градската власт треба да реагираат што побрзо за да се намали енормното загадување на главниот град“ додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски