Заев најави тужба против Славе Гошев

Од:

Кога еден политичар, згора на тоа и Пратеник во Собрание на Р. Македонија, во интерес на сопствената партија и за градење на сопствена кариера, се обидува со гнасни лаги да го дискредитира моето име и функцијата Градоначалник на Општина Струмица, тогаш е уште повеќе од јасно дека политичар од него не бидува. Но, за да се биде политичар, пред се треба да се биде човек. Господинот Славе Гошев за жал ги изгубил и човечките вредности штом се обидува лажно да обвинува за неморал. Со тоа неморалот ќе мора да го побара кај себе, стои во реакцијата на СДСМ.

Вистината вели дека „Маркица” и „Локациски услови” за бензинска станица на споменатата локација постојат уште од времето кога истата била во сопственост на лицето Горан Поцков и неговото семејство. Човекот е жив и здрав па може да го потврди тоа што го потврдуваат и документите за сопственост. Во тоа време, јас не бев Градоначалник туку таа функција ја извршуваше кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи во предвид дека изнесените наводи за некакво мое коруптивно однесување, пратеникот Славе Гошев ги темели на лаги и измислици, а тоа е атак на честа и угледот што сум ги градел со години, го повикувам господинот Гошев јавно да се извини за нанесената навреда. Во спротивно таквото извинување на Суд нема да го прифатам, како што ги прифатив извинувањата на Суд од поранешниот Портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и поранешниот Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Господа од ДПМНЕ, дури и кога е од Вас, доста е. Чекам јавно извинување до утре. Ако не го добијам, ќе следи тужба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните