СДСМ: Скопје е во хаос после една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје е во целосен хаос. Повеќе од една година не само што нема нови проекти, туку Град Скопје не може да ги сервисира ниту основните услуги. За првпат во историјата, граѓаните на Град Скопје останаа без јавен превоз, а поради тендери и провизии, поради бизнис интереси на Христијан Мицоски и поединци од ВМРО-ДПМНЕ, скопјани цела недела живеат во блокиран град, се вели во писмената реакција од СДСМ.

– Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други јавни градски претпријатија. Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од членовите на Управните одбори на јавните претпријатија. Една година им требаше на шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да го заглават како што претходно 11 година ја заглавија државата – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски