СДСМ: Скандалот со лажните анкети покажа систем на злоупотреба на националната телевизија и општини од страна на ДПМНЕ

Од:

Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија МТВ и општини под капата на оваа партија. Тоа значи цел еден систем на злоупотреби. Уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Според обемот на скандалот, ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропагaнда од најславните денови на Никола Груевски, велат од СДСМ.

– Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните. Во текот на вчерашниот ден наводите дека биле ангажирани две агенции за лажните анкети беа демантирани. Во така наречениот оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.

За градоначалниците на ДПМНЕ е предивдена „обврска“ кон Владимир Божиновски. Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции.
Продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата. Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме. На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат ново враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ – наведуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните