СДСМ: Скандал, Миноски противзаконски ја издал еврообврзницата без правно мислење?!

Од:

„Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда.

Миноски вчера самиот призна дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда.

Ова е скандалозно бидејки министерот за финансии постапил противзаконски!

Ова е директно прекршување на Законот за јавен долг, член 18 став 6.

Министерството за финансии морало да обезбеди претходно потврда за правната важност на еврообврзницата.

Според допис којшто е испратен од Министерството за финансии, агенцијата Ројтерс и другите медиуми објавија дека издавањето на еврообврзницата е усогласено со Министерството за правда.

Сега е јасно зошто со денови молчи министерот за правда Валдет Џафери на прашањето дали Министерството за правда издало мислење за правната важност на еврообврзницата.

Го предупредуваме министерот Џафери, дека покрај другите нелегални дејства во моментот на издавање на еврообврзницата, ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра!

Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија.

Министерот за правда, Владет Џафери добро нека размисли дали ќе биде соучесник во извршување на ова финансиско злосторство!

Укажуваме дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе мора да понесат одговарност“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски